Тодоровиќ најави ново училиште во општина Центар

Од:

Изградба на ново основно училиште во населбата Капиштец, со капацитет од 700 ученици, најавија денеска актуелниот градоначалник на Центар и кандидат за прв човек на општината на коалицијата За подобра Македонија Владимир Тодоровиќ и министерот за образование и наука Панче Кралев.

– Подолго време оваа населба се соочува со недостаток на училиште во нивната близина, рече Тодоровиќ. Новото училиште, според него, се очекува да почне да се гради до крајот на оваа или на почетокот на следната година. Проектот општина Центар ќе го реализира во координација со Министерството за образование и наука.

Министерот Кралев информираше дека финансиските модалитети за реализација на проектот ќе бидат разгледани заедно со општината. На располагање се финансиските средства на општината, буџетските средства, но и заемите од Светска банка.

-Овој објект е особено важен за општина Центар, но јас би рекол и за градот Скопје затоа што во општина Центар во последните три години е евидентиран пораст на запишани ученици во прво одделение од десет проценти. Тоа е една тенденција што очекуваме да расте, а со тоа се зголемува и бројот на паралелки во постоечките училишта во општина Центар, рече Кралев.

Во општина Центар сега има седум основни училишта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија