Тодоровиќ најави изградба на нов пензионерски дом во Центар

Од:

Изградба на пензионерски дом во општината Центар, кој ќе има 60 апартмани најави денеска кандидатот за градоначалник Владимир Тодоровиќ.

Пензионерскиот дом ќе се гради на улицата „Кочо Рацин“ кај постоечкото Здружение на пензионери и тој ќе биде првиот изграден пензионерски дом во оваа општина.

– Потребата за изградба на пензионерски дом во Центар и во Градот е повеќе од потребна. Општина Центар не поседува ваков пензионерски дом, а во Скопје последниот е изграден пред триесетина години, рече Тодоровиќ.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски истакна дека ова е исклучително значајна инвестиција од која најголема корист ќе имаат пензионерите.

Претседателот на Здружението на пензионери на општина Центар Павле Спасов потенцираше дека пензионерите имаат потреба од едно такво катче и тоа во строгиот центар на Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија