Тодоровиќ најави изградба на нов парк во Капиштец

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од коалицијата „За подобра Македонија“ Владимир Тодоровиќ денеска на прес-конференција најави изградба на нов парк во населбата Капиштец. Паркот се гради покрај булеварот „Св.Кирил и Методиј“ на вкупна површина од околу 2.000 квадратни метри и ќе биде  хортикултурно и партерно уреден.

kapistec-park

– Од средбите со граѓаните на населбата Капиштец добивме информација дека тие повеќе сакаат парк отколку паркинг кој веќе беше започнат да се гради. Покрај зелените површини и пешачките патеки од бехатон плочки, паркот ќе содржи и урбана опрема која опфаќа клупи, корпи за отпадоци и канделабри.

kapistec-park1

– Паркот ќе биде опкружен со дрворед од израснати јавори, тревници со алпинетуми од декоративни зимзелени садници и цветни топки од разновидни сезонски цветен расад како вистински украс за граѓаните, изјави Тодоровиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија