Тодоровиќ и „Анима Мунди“ потпишаа Меморандум за соработка

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ Владимир Тодоровиќ и претседателот на Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ Стојче Велковски денеска потпишаа Меморандум за соработка.

– Ја искажувам својата волја преку меѓуопштинска соработка да обезбедам користење земјиште, на кое би се изградил соодветен стационар за згрижување и вдомување на животните со капацитет од 500-тина животни годишно. Притоа, општината ќе обезбеди поддршка и помош за целокупното функционирање во делот на храна, грижа за животните и соодветен персонал, согласно ингеренциите на општината, изјави Тодоровиќ.

Ќе промовираме, како што рече, исклучиво хуманост, вдомување, стерилизација на животните и нивна вакцинација како единствен адекватен, хуман пристап за решавање на проблемот со бездомните кучиња и заштита на граѓаните.

Велковски ги наведе активностите кои Здружението би ги реализирало наредниот период, како конципирање на детална Програма за работење на стационарот согласно најуспешните европски практики и препораките на Светската здравствена организација за надминување на проблемот со бездомните кучиња. Дел од активностите се и обезбедување на волонтери, едукација, пред се деца и млади, организација на настани за учениците од основните училишта од општина Центар, континуирано вдомување и организација на големи акции за промоција на вдомување на миленик, наместо купување, водење на Регистар на вдомени кучиња…

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември