Тодоровиќ: Дебар маало Боемско маало ќе биде туристичка атракција

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ денеска пред угостители од Дебар маало го презентира проектот Дебар маало Боемско маало.

–  Овој проект ќе го реализираме заедно со Градот Скопје и  Владата. Проектот предвидува Дебар Маало да прерасне во посебна  целина, во која ќе се чувствува и ќе пулсира препознатливиот  боемски „шмек“ карактеристичен за ова место, изјави Тодоровиќ.

Тој информираше дека  во Дебар маало Боемско маало ќе бидат поставени обележја на значајни личности кои го одбележале  урбаниот живот на Скопје и Дебар Маало, познати скопјани, но и на настани како традиционалното одбележување на првиот ден од Новата Година, како и дека урбан и забавен ќе има и богат културен живот со специјална уметничка  и културна програма.

– На овој начин Дебар Маало Боемско маало ќе стане една од главните туристички атракции на Скопје, ќе го заштити специфичниот културен бит
кој е карактеристика на Скопје и една епоха, ќе биде место на создавање нови пријателства, љубови и пријатни мигови, но и ќе има значаен  економски ефект, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември