Тодоров: Здравствените власти правовремено реагирале по сообраќајката кај Удово

Од:

Имам детална првична слика за тоа што се случило и здравствените власти правовремено реагирале по сообраќајната несреќа кај Удово, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров, прашан за тоа како реагирала Итната помош по несреќата во која загина осуммесечно бебе.

– Имам детална првична слика за тоа што се случило. Здравствените власти правовремено реагирале. Од моментот на приемот на повикот, до моментот кога Итната медицинска помош излегла на терен поминале само три минути. За се има аудиозапис. Немало застој, ниту неажурност или пак немарност. Станува збор за трагедија, тоа е интервенција која не е во населено место и до таму треба да дојде амбулантно возило од повеќе места: од Неготино, Валандово, Гевгелија, рече Тодоров, кој присуствуваше на отворањето на обновената здравствена станица во Кривогаштани.

Посочи дека разговарал со директорот на Судска медицина и оти причина за смртта на осуммесечното бебе е крварење во мозокот.

– Во секој случај станува збор за трагедија. Деталите од обдукцискиот извештај им ги оставам на лекарите, потенцира Тодоров.

Нагласи дека во текот на вчерашниот ден побарал детална истрага за се што се случило од здравствен аспект и оти извештајот се подготвува.

–  Наредив да се направат разговори во Итната медицинска помош. Комисија од Скопје во текот на вчерашниот ден беше во здравстените установи кои давале итна медицинска помош, за да се утврди кога е примен повикот и кога е интервенирано, да се разговара во болниците дали пациентите биле во критична состојба, да се разговара со евентуални очевидци со цел комплетно расчистување на случајот. И јас разговарав со некои од очевидците. Се подготвува детален извештај имајќи ги предвид сите параметри, додаде Тодоров.

Би можело да ве интересира

МВР: 18-годишник кој е во бегство ја прегази жената во скопската населба Капиштец

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

Десетина возила учествуваа во три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар

Горан Наумовски

Во несреќата кај манастирот Св.Јован Бигорски загинаа двајца жители од гостиварското село Видуше

ЦУК: Возило падна во реката Радика, има загинати во несреќата

Горан Наумовски

ЦУК: Автомобил падна во реката Радика, на терен се сите спасувачки служби

Горан Наумовски