Тодоров повикува незадоволни пациенти, за да казнува доктори

Од:

„Министерството за здравство ги повикува сите граѓани кои имале потреба од здравствена заштита во здравствените установи во Република Македонија, особено оние со малигни, но и други потешки заболувања и им била потребна хируршка интервенција, при што не им била укажана здравствената заштита поради штрајкот на лекарите веднаш да го известат Министерството.

Министерството за здравство соопшти дека ќе постапи согласно законските норми и прописи во насока на заштита на животот и здравјето на граѓаните, како и навремено обезбедување на неопходната здравствена заштита.

Сите граѓани кои не добиле соодветна здравствена заштита можат да се обратат во Министерството за здравство на телефоните 02 3123 009 и 076 445 818“, стои во соопштението на Министерството за здравство.

Токму лекарите специјалисти повеќе пати предупредија дека знаат за овој план на министерот со кој сака да покрене постапки за неколкумина и да го прекине штрајкот.

Тие и денеска му порачаа на министерот да ги прочита добро законите, и да сознае за тоа кој одлучува за тоа кој е итен за операција а кој не е., како и тоа дека се добро запознаени со неговите сценарија.

Би можело да ве интересира

Со Водичите, поставаме пат по кој полесно ќе се движат идните генерации лекари

Горан Наумовски

Повеќе од 160 медицински работници од Газа остануваат во израелските затвори

Се степаа двајца лекари во операциона сала во штипската болница

А1он

Вработените во јавното здравство добиваат повисоки плати

Катерина Ѓуровски

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

„Стоп за лоши навики“ – ЗЛС најавува нов проект за подигнување на свеста за здрав животен стил