Тодоров како и Груевски е минато, за здрвјето на граѓаните ќе се грижи нова Влада!

Од:

Нова одговорна Влада на граѓаните на Македонија ќе го крене уништеното јавно здравство и со совесни мерки и политики ќе го штити здравјето на граѓаните.

10 години Никола Тодоров и Никола Груевски експериментираат со здравјето на граѓаните за тендер политики и лична корист на неколкумина во врвот на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу нив главни се Груевски и Тодоров, реагираат од СДСМ.

Болниците се без основни услови за работа, без лекови и без медицински материјали, со апарати што или не работат, или не се користат или стојат во кутии неупотребени. Пациенти чекаат по ходници и умираат. Лекарите и медицинските работници масовно бегаат во странство.

Ова го покажа и ревизорскиот извештај во којшто е наведено дека е набавена медицинска опрема што отстапува од потребите наведени во тендерите, дека власта доцни со плаќање на опремата, за што граѓаните плаќаат и дебели камати, дека набавена е скапа опрема за којашто нема просторни услови, ниту обучени кадри и дека на опремата што стои неискористена во кутии ѝ поминуваат гарантните рокови.

И Тодоров како Груевски е минато.

Не поминуваат кај граѓаните повеќе стопати кажаните лаги. Мнозинството од граѓаните на 11 декември гласаа за промени и живот. Нова одговорна влада ќе се грижи за здравјето и потребите на граѓаните, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?