Тодоров и Трајановски ги посетија првородените бебиња годинава

Од:

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје денеска министерот за здравство Никола Тодоров и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ги посетија првите три новороденчиња годинава и нивните мајки.

Секое од новороденчињата од Град Скопје доби книшка со по 20.000 денари.

По посетата, министерот Тодоров на сите граѓани им ја честиташе Новата 2016 година и им посака многу здравје, среќа, успех, работа.

– Да биде оваа среќна и бериќетна година за сите, за цела држава, за сите граѓани. Оваа година почна со три бебиња, две близначиња и едно третородено дете во семејството. Тоа што започна со три раѓања-две близначиња и едно третородено дете, гледаме дека годината ќе биде бериќетна, изјави Тодоров.

Им честиташе на родителите за приновата во семејството и на сите здравствени работници кои синоќа, како што рече, наместо да бидат со своите семејства и да прославуваат беа на своите работни места да даваат здравствени услуги за сите граѓани на Република Македонија, без оглед дали се на Гинекологија или во која било друга здравствена установа во државата.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски им ја честиташе Новата 2016 година на сите граѓани и им посака здравје, среќа, успех и радост во семејствата.

– Се надевам дека оваа година ќе има повеќе новородени дечиња, додаде Трајановски.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Марија Хаџи- Лега на граѓаните на Република Македонија им посака Среќна и бериќетна 2016 година.

– Како и секоја година така и оваа година, оваа Клиника беше највеселото место во државата и на свет дојдоа три новороденчиња, едно кај треторотка, и две новороденчиња кај трудница со ин витро фертилизација. После овие породувања имаше уште едно завршено со царски рез. Инаку 2015 година ја завршивме со околу 6.000 породувања и еден куриозитет 200 повеќе машки од женски новороденчиња, додаде Хаџи-Лега и им се заблагодари на вработените на Клиниката, кои, како што посочи, беспрекорно својот живот го посветуваат на работата на оваа Клиника.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето