„Тоде Мендол“ една недела по полициската акција

Од:

Жителите на населбата „Тоде Мендол“ и денеска, точно една недела по полициската акција за разбивање на терористичката група, се покрај своите куќи.

Велат дека секојдневно доаѓаат бидејќи тука им пристигна хуманитарната помош која ја добиваат од институциите и од граѓаните.

Изразуваат благодарност до сите кои им помогнаа. Дел од нив се уште се сместени кај роднини и пријатели.

Граѓаните на улицита „11 Октомври“ денеска велат дека се чувствуваат безбедно, токму поради засиленото полициско присуство на овој дел од центарот на градот.

Според првичните проценки, 66 куќи и 121 семејство што живее во кумановската населба „Тоде Мендол“ претрпеле материјална штета изминатиот викенд.

Тоа беа првичните информации кои ги соопшти Општина Куманово во текот на неделава. Комисии составени од владини преставници и од општината на почетокот на работната недела веднаш излегоа на терен и вршеа проценка на недвижниот и движниот имот.

Владата одржа седница и донесен акциски план со кој се предвидуваше формирање комисии за процена на штети, првична хумантирана помош за оштетените, помош за плаќање наемнина, еднократна парична помош, обештетување во висина од 100 проценти од проценетата штета на терен.

Општина Куманово, согласно со препораките на општинскиот кризен штаб, одвои 2 милиони денари првична помош за жителите од „Тоде Мендол“.

На жителите им беа поделени 125 унифицирани пакети со храна и хигиенски средства. Црвениот крст дистрибуираше 110 пакети со храна, вода, хигиенски средства, чизми, ќебиња. Екипите на комуналните претпријатија ЈП „Чистота и зеленило“ и „Комунална хигиена„ од Скопје ја исчистија населбата.

По завршување  на целосната проценка на оштетувањата и согласно акцискиот план на Владата, предвидено е, а потврдија и од комуналното претпријатие од Куманово ЈП „Чистота и зеленило“, дека во соработка со државни институции, Центарот за управување со кризи со механизација ќе го изнесе градежниот шут.

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра