ТМ: Груевски е единствениот кој можел да договори продажба на „Македонска банка“

Од:

Фактите зборуваат дека акциите на „Македонска банка“ биле под контрола на ВМРО-ДПМНЕ во сите три години, а Груевски како лидер на партијата е единствениот кој можел да договори продажба на акциите, се вели во мајскиот извештај на невладината организација „Транспарентност Македонија“ за состојбата со борбата против корупцијата и криминалот во државата.

– Дури и да не се занимаваме со автентичноста на објавените снимки од телефонските разговори, сите индиции покажуваат дека Груевски е еден од оние што зборуваат на нив. Надлежните органи немаат волја да покренат постапка за овој случај и додаваат дека лесно може да се лоцира одговорноста за продажба на банката, независно од аудио снимката која ја објави СДСМ, стои во извештајот.

Во врска со продажбата „Македонска банка“, од „Транспарентност Македонија“ оценуваат дека јавниот обвинител Марко Зврлевски нема речиси никакви аргументи за непостапување за случајот.

Би можело да ве интересира

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on