Судењето за случајот „Титаник 3“ се одложува за 25 март согласно препораките на Владата за справување со коронавирусот. Претседателот на судечкиот совет, судијката Марија Клетничка, информираше дека одлуката се темели на препораките од Владата.
Прво обвинетиот во предметот „Титаник 3“ Исмет Гури не се појави на денешното рочиште за овој случај затоа што е лице кое 20 години боледува од дијабет и спаѓа во групата на луѓе за кои Владата, даде препораки да не излегуваат од дома како мерка за заштита од вирусот Ковид 19.
– Стануваа збор за лице во ризик кој добива инсулинска терапија. Согласно одлуката на Владата оваа лице треба да го ограничи своето движење, кажа адвокатот Еленко Миланов.
Обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, реагираа и наведоа дека станува збор за препорака на Владата, а не за забрана. Од овие причини според нив судењето за овој предмет кој е во фаза на завршни зборови треба да продолжи.