Тинејџер украл Ауди А4

Од:

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(18) од Скопје поради постоење основано сомнение за извршено кривично дело ,,одземање моторно возило“ за што од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Истиот на 27/28.11.2015 година се упатил на ул.,,Македонска Преродба“ и откако се уверил дека нема да биде забележан од никого влегол преку незаклучената врата во дворот, се доближил до „Ауди А4“ караван со скопски регистерски ознаки и забележал дека на контакт бравата се оставени клучеви од возилото, по што ја отворил возачката врата, влегол во возилото, го стартувал и го напуштил местото на настанот упатувајќи се кон Охрид.

На,,Стража“ движејќи се со одземеното возило му пукнала гума, а позади него се случила сообраќајна незгода, при што истиот застанал за да им укаже помош на лицата, а истите го обвиниле дека бил причинител за настанатата сообраќајна незгода, по што сите заедно заминале во ПС ,,Струга“.

Откако пристигнале во полициската станица од страна на полициски службеници по извршената проверка било констатирано дека по возилото се трага бидејќи било предмет на извршено кривично дело „кражба“. Во ПС ,,Струга“ бил извршен разговор со пријавениот М.Д. во кој во целост го објаснил начинот на извршување на кривичното дело.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он