(ВИДЕО) Тимоние: ЕУ не е подготвена да прими нови земји членки, кога царството се шири ја губи ефикасноста

Од:

Европската унија се справува со одредени организациски ограничувања кои треба да бидат надминати па дури потоа Македонија да се интегрира во Унијата. Кога одредено царство се шири, тогаш губи од неговата ефикасност, проширување на Европската унија е заеднички предизвик кој што треба да го надминеме, рече францускиот амбасадор во РМ, Кристијан Тимоние по што додаде дека постојат препреки кои треба да бидат надминати кога станува збор за зголемување на бројот на членки во ЕУ.

– Не велам дека европската интеграција на Македонија е под закана, но сепак секогаш треба да ги учиме лекциите од историјата и треба да знаеме врз какви вредности ќе треба да изградиме посилна Европа, вели Тимоние.

Според францускиот амбасадор, главната формула за успешно интегрирање е внесувањето на оптимизам и трпение во целиот процес. Со други зборови, Тимоние кажа дека ЕУ моментално не е спремна да прими нови членки бидејќи се уште се рехабилитира од финансиските проблемите кои ги имаше.

-Финансиската криза беше силен удар за ЕУ. Ни претстои голема работа особено во одлуките кои треба да ги донесеме. Новите партнери на ЕУ не научија на многу работи во однос на демократските вредности. Бараме трпение за да ве пречекаме во куќа која ќе биде стабилна и каде ќе го имате вашето заслужено место. Очекуваме повеќе и од вас, има доста работи кои треба да ги промените, а една од најважните работи е помирување и соработка помеѓу различните политички сили во државата, вели Тимоние.

Покрај другото францускиот амбасадор истакна дека треба да се излезе од алтернативата дека или треба да се случи интеграција или војна во поранешните југословенски простори. Според него, таквата констатација не служи на никого, особено не на инвестициските компании.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски