Тигрите заминуваат на помош во Србија

Од:

Чета од Единицата за специјални задачи “Тигар” обучена за спасување и помош во кризни ситуации денеска ќе замине во поплавените подрачја во Србија.

Покрај единицата, Македонија понуди помош во хеликоптер, електрична енергија, лекови и друго што е потребно за населението во Србија и Босна и Херцеговина, кои деновиве се зафатени од поплави.

Понуден е транспортен хеликоптер МИ-17 опремен со екипаж со специјални единици кои го опслужуваат за да се помогне во насока на справување со поплавите, како и исппорачување електрична енергија. Потоа разни лекови пред се антибиотици и антипиретици, а голем број приватни компании испраќаа пратки со вода.

Србија од Македонија во наредните денови ќе добие и електрична енергија во висина од 80 мегавати секој час.

Јавни претпријатија од градот Скопје и од останатите општини се во состојба на готовност евентуално да испратат свои тимови од делокругот на својата надлежност кои се задолжени да се справуваат со ваков вид ситуации во смисла на водоводни, комунални претпријатија, противпожарни екипи и сличен корпус на дејности.

Во Србија АРМ испрати обучен персонал со материјално-технички средства и опрема наменети за помош во вакви прилики. Кон Босна и Херцеговина од АРМ се испратени 3.000 ќебиња кои заедно со останатата хуманитарна помош од Македонија се на пат кон поплавените региони во оваа држава.

Црвениот крст, како и повеќе општини организираат хуманитарни акции за помош на Србија, додека Агенцијата за електронски комуникации отвори посебни телефонски броеви на кои може да се донира за помош за пополавените подрачја.

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски