ТХП: Во Канатларци учениците од турската заедница се дискриминирани – ако нема решение, ќе има бојкот на настава

Од:

Власта продолжува да го игнорира образованието на турски наставен јазик. Со години во училиштата во кои се изведува настава на турски јазик нема инвестирано ниту денар. Во ОУ „Кирил и Методиј“ Канатларци Прилеп за учебната 2016-2017 година има запишано 33 ученици, покрај тоа што образованието е задолжително а образованието на турски наставен јазик е загарантирано со Уставот и законите на Р. Македонија за овие ученици до сега не е отворена нова паралелка, посочуваат од Партијата за Движење на Турците во Македонија.

Скандалите и апсурдите во образованието на турски наставен јазик продолжуваат со години, ги повикуваме надлежните веднаш да го спроведат законот. Состојбата во образованието на турски наставен јазик итно треба да биде подобрена, ако во некои средини за еден ученик се отвора паралелка, како е можно за 33 ученици првачиња од турската заедница да не се отвори нова паралелка? Мораме да потенцираме дека во ова училиште училниците немаат капацитет за повеќе од 24 ученици.

Во с.Канатларци 80% од учениците се припадници на турската заедница, покрај тоа што образованието се изведува на турски наставен јазик за директор не е именуван Македонец, односно наставник кој изведува настава на македонски јазик. При тоа не го познава јазикот на учениците кои се мнозинство. До кога власта ќе продолжи со двојните стандарди, омразата и игнорантскиот однос кон турската заедница, кои се симна и до најмилите а тоа се децата. Тие имаат право на образование и заслужуваат да учат во соодветни услови. Како партија ќе продолжиме да ги следиме состојбите во образованието на турски наставен јазик и ќе ја запознаваме јавноста со проблемите кои се решливи, а се наметнати од оваа власт, соопштуваат од ТХП.

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска