ТХП: Реформската Влада ја врати Македонија на Европската мапа

Од:

„Партијата за Движење на Турците (ТХП) со големо задоволство и радост ја прими веста за добиената безусловна препорака од страна на Европската Комисија за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

Ваквиот позитивен исход е резултат на посветената и енергичната работа на Владата на Република Македонија, која со успешното спроведување на 3-6-9 акцискиот план се враќа во многу посакуваниот европски колосек.

Партијата за Движење на Турците (ТХП) смета дека ова е историски успех за нашата земја, кој наскоро ќе биде заокружен со успешна евро-атлантска интеграција. ТХП, како најголемиот политички субјект на граѓаните од турската етничка заедница и во престојниот важен период ќе продолжи максимално да придонсеува за успешна реализација на евроинтеграциските процеси. Веруваме дека Македонија и нејзините граѓани не само географски, туку и со сите вредности припаѓаат на големото европско семејство“ се вели во соопштението на ТХП.

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска