ТХП: Помина времето кога Турците ги влечеа за уши

Од:

„Во Македонија, од ден на ден, се` повеќе се чувствува слободата која произлезе од одлуката на граѓаните која беше донесена на 11-ти декември. Како Партија на Движење на Турците (ТХП) ни претставува особено задоволство тоа што заврши фашистичката ера на Груевски во која Турците беа фатени за уши и максимално разнебитени.

Мнозинството припадници на турската етничка заедница на изборите гласаа за промени, за слобода и живот во Македонија. Турците и натаму го имаат истиот став и тоа го манифестираат игнорирајќи ги протестите кои се организирани под палката на истото злосторничко здружение кое во изминативе 10 години ја опустоши цела Македонија.

Апелираме до сите граѓани и до целата турска етничка заедница да не потпаѓаат на провокациите и спиновите. ТХП одговорно тврди дека во наредниве денови ќе се формира нова Влада која ќе работи во корист на сите граѓани, вклучувајќи ги и Турците, без разлика на нивната партиска припадност.

Успеавме да поразиме режим на најбезболен начин. Веќе ништо не може да ја спречи слободата. Доаѓа живот за сите во Македонија“, се вели во соопштението на Партијата за Движење на Турците во Македонија – ТХП.

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска