ТХП: Иванов да ја предаде во рацете на Заев одговорноста за состав на нова Влада

Од:

„Иако бавно, сепак во Република Македонија без престанок продолжува процесот на декриминализација и дегрујовизација на власта, со што се враќаат демократските вредности и животот во Македонија.

Самиот факт што мнозинството граѓани (612.000) се определија за промени и просперитетна демократска Македонија е голем мотив и одговорност да се истрае во оваа битка за враќање на стабилноста и демократија.
И покрај неуставното фаворизирање од страна на Претстедателот Иванов, Груевски не успеа да формира влада со што уште еднаш се потврди тезата дека векот на таквите криминални политичари веќе е завршен. Груевски е само црна страница во историјата!

Затоа во име на Турците во Македонија, а и сите нејзини граѓани, го повикуваме Претседателот Ѓорге Иванов да пристапи констурктивно, да го почитува Уставот и одговорноста за состав на нова Влада да ја предаде во рацете на лидерот на „Коалицијата за живот во Македонија“, Зоран Заев, кој низ целиот процес докажа дека е лидер кој има капацитет и квалитет да ја врати стабилноста на Република Македонија.

Исто така апелираме до сите политички субјекти, без разлика на нивната етничка или идеолошка матрица, да се дистанцираат од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините деструктивни политики.

Граѓаните заслужуваат економски-демократски стабилна земја во која ќе владее правото и секој поединец ке добие еднаков третман и шанси. А идната Влада предводена од „Коалицијата за живот во Македонија“ ќе биде засновена токму на тие принципи“, се вели во соопштението на Партија за движење на Турците (ТХП).

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска