Како демократски, одговорен и транспарентен политички субјект, Партијата за движење на Турците (ТХП), со будно око ги следи политичките случувања кои можат да бидат исклучително значајни, но и фатални за иднината на нашата земја, соопштува Партијата за движење на Турците.
– Како сериозна парламентарна партија спремни сме да дадеме максимален придонес за надминување на оваа политичка криза. Но, Партијата за движење на Турците (ТХП) никогаш нема да соработува со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на Северна Македонија, а со своите радикални погледи и провокации разгоруваат етничка и религиска нетрпеливост. Воедно ги повикуваме сите политички субјекти и слободоумни граѓани да се дистанцираат од ваквите штетни политички активности, се вели во соопштението на Партијата за движење на Турците.
Од ТХП велат дека ќе продолжат да се залагаат за општество во кое хармонијата и еднаквоста ќе се во прв план, а нашата земја со многу труд и поддршка на своите меѓународни пријатели ќе стигне до посакуваното членство во ЕУ.