ТХП: Нема да дозволиме институциите да си играт со образованието на турски наставен јазик

Од:

„Во последните неколку денови низ медиумите кружат повеќе вести во врска со проблемите на образованието на турски наставен јазик во Кичево.

Партијата за Движење на Турците (ТХП) како партија која е дел од владеачката коалиција, но и партија која ја доби поддршката на мнозинството припадници на турската етничка заедница во Македонија, чувствуваме потреба и одговорност да ја информираме јавноста и граѓаните во врска со образовниот проблем во Кичево.

Како прво, мора да се нагласи дека проблемот со турскиот наставен јазик во Кичево трае веќе со години и истиот проблем беше актуелизиран и од собраниската говорница од страна на актуелниот претседател на ТХП, пратеникот Енес Ибрахим, додека тогашниот коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ молчеше за проблемите на граѓаните од турската етничка заедница.

Сега кога сме дел од власта, нашиот став околу овој проблем не е променет. Напротив, Партијата за движење на Турците со големо внимание ги следи случувањата во образованието на турски наставен јазик во Кичево

Паралелно со тоа, како на централно, така и на локално ниво преземаме конкретни чекори со цел изнаоѓање на трајно и институционално решение. Како во минатото така и сега како Партија за движење на Турците (ТХП) нема да дозволиме институциите да си играт со образованието на турски наставен јазик, кој е гарантирано со Уставот на Р. Македонија.

Во целиот процес свесни сме дека најголемите жртви се учениците, нивните родители и наставниот кадар. Целосно им даваме поддршка и ги уверуваме дека во најкус можен рок, заеднички ќе најдеме солуција и за овој проблем“, се вели во соопштението на Партијата за движење на Турците (ТХП).

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска