ТХП: Иселениците од Жупа не можат дома да си се вратат

Од:

Во пресрет на новогодишните празници, период кога иселениците се враќаат во своите родни краеви и со првиот снег; повторно се актуелизира проблемот на патниот сообраќај на жителите од општината Центар Жупа, соопшти Партија за Движење на Турците во Македонија (ТХП).

„Станува збор за општина која според пописот од 2002 година има 6.519 жители од кои повеќе од 80 отсто се Турци. Најверојатно заради овој факт оваа општина веќе со години е игнорирана и оставена да егзистира без основни инфраструктурни услови, а патниот сообраќај веќе со децении се врши во тоталнo примитивни а на некои места и праисториски околности. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се фали дека изградила повеќе од 700 километри пат, а ние јавно прашуваме дали овој регион е намерно игнориран и позади ваквиот однос може да се бара некоја дискриминаторска идеолошка основа? Патните правци Мелнички Мост – Центар Жупа и Центар Жупа – Коџаџик – Новак под итно треба да се реконструираат за да може да се одвива нормален сообрааќај. Во овие делници веќе повеќе од две децении не е инвестирано и малите санации воопшто не ја зголемуваат функционалноста на овие патишта. Исто така делницата меѓу селата Новак – Елевци – Долгаш е во тотална неупотреблива состојба, односно не е асфалтирана. Во овој дел сообраќајот се одвива во многу лоши и ризични услови“, се наведува во соопштението.

Од партијата истакнуваат дека поради ваквите лоши околности голем дел од иселениците од овој регион кои имаат изградено станбени објекти во Центар Жупа сѐ поретко доаѓаат во своите огништа.

„Овие граѓани финансиски инвестирале во оваа држава и ги вршат сите свои должности кон татковината, но повеќе од факт е дека владата не ги третира како рамноправни граѓани. Залудно е да се изгради Спомен Куќа на Ататурк во селото Коџаџик кога нема како да се стигне до таму. Кога веќе Владата не инвестираше во изградбата на тој музеј барем нека овозможи да има пат до истиот. Дали Владата и за патиштата чека некоја донација од пријателската Република Турција? Исто така апелираме институциите кои се задолжени за снабдување со електрична енергија и комуникациски технологии да си ги исполнат своите обврски на посериозен и одговорен начин. Изградбата на современи патишта во овој регион не само што ќе го зголеми животниот квалитет на граѓаните од овој регион, туку ќе придонесе за економски и туристички развој на овој крај“, соопшти ТХП.

Од партијата бараат Владата да престане со дискриминаторските политики и да почне да ги третира сите граѓани подеднакво. 

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска