„Поминуваме низ еден темен период, кога во режија на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити, а реализација на Претседателот Ѓорге Иванов, Уставот и демократијата уште еднаш се згазени. Во овие тешки времиња несомнено нѐ радува слободарскиот дух на граѓаните кои застана во одбрана на вредностите кои буквално беа силувани од овој режим во изминативе години.
Шареноликоста и сплотеноста на граѓаните кои без разлика на нивната етничка припадност, религиска и идеолошка определба излегоа на улиците ја зацврстува позитивната слика.
На овие протести, со своето учество и припадниците на турската етничка заедница манифестираа незадоволство од моменталната состојба и јасно и отворено кажаа не на груевизмот.
Партијата за Движење на Турците (ТХП) во име на турската заедница во Македонија упатува прашање до соучесникот на злосторствата на Груевски, долгогодишниот коалиционен партнер на оваа власт, Ќенан Хасипи; дали денес ќе учествува во протестот на ГДОМ (ВМРО-ДМПНЕ)? Доколку учествува би сакале да го видиме во првите редови заедно со неговиот матичен партиски огранок(Врапчиште).
И дали повторно ќе дозволи ВМРО-ДПМНЕ да ги фати Турците за уши, особено вработените во јавната и државната администрација и да ги однесе на контра-протестот на ГДОМ?
Партијата за Движење на Турците(ТХП) во изминатиот период даде поддршка во битката за слобода и демократија заедно со граѓаните, очекуваме истото да го направи и партијата на Ќенан Хасипи“, соопштуваат од Партија за Движење на Турците во Македонија – ТХП.