„Во овие мигови кога слободата не само што повторно е во дофат, туку и реалност која од ден на ден ќе расте, сакаме уште еднаш да му порачаме на веќе пензионираниот политичар Никола Груевски да се помири со реалноста и да престане да креира лудничави теории. Најдобро е да се сконцентира на следниот период во кој го чека правен процес и конечна разрешница на сите криминали од неговото владеење.
Груевски кој до пред некое време говореше за кантонизации и федерализации, овој пат почна да говори за дефакторизации и повторно се обидува да ја омаловажува интелигенцијата на граѓаните на Република Македонија.
Партијата за Движење на Турците (ТХП) го потсетува дека за време на неговото владеење не само што Турците никако не успеаа да си ги остварат своите права, туку беа игнорирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Дали после толку години владеење ,токму во овој момент турците му стануваат предмет за манипулација?
За време на владеењето на Груевски, Турците му служеа само како потрошен материјал.
Јавно го прашуваме: Груевски дали Турците беа фактор додека тој ги влечеше Турците за уши? Груевски доста ја манипулираше волјата на граѓаните од Турската етничка заедница.
Но веќе сонцето во Македонија грее подеднакво за сите граѓани. Доаѓа влада која ќе ја врши својата задача на највисоко и професионално ниво, без никакви поделби и предрасуди! Доаѓа живот за сите во Македонија“, се вели во соопштението на Партија за движење на Турците (ТХП).