Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП) е фрапирана од реакцијата на директорот на НУ Турски Театар, Атила Клинче, за соопштението на ТХП во кое тие отворено прашаа за игнорантскиот однос на владата во однос на изградбата на новата зграда на НУ Турски Театар.
„Очигледно Атила Клинче заборавил дека е актер и уметник, претендирајќи да биде портпарол на властта уште еднаш го дискредитира НУ Турски Театар и нанесува огромна штета на интересите на турската заедница во Македонија. По ниедна цена културна установа од ваков калибар не смее да се политизира само поради лични интереси.
Партијата за Движење на Турците во Македонија (TХП) чувствува одговорност јавно да го прашува Клинче на што се должи неговиот дилетантки однос? Дали Клинче ѝ врачи плакета за благодарност на министерката Канческа – Милевска поради тоа што таа константо ја лаже и се подбива со турската заедница?
Дали Клинче за “улогата” на портпарол на власта добил помош од режимот за изградба на својот дом вреден над 100.000 евра? Дали остана уште некој член во семејството Клинче кое треба да се вработи преку партиски канали или тој процес веќе успешно е завршен? Дали Клинче не чувствува одговорност за оваа децениска лага преку која НУ Турски Театар де факто е парализиран и не може да функционира како што доликува на еден ваков културен бренд?
Го потсетуваме Клинче дека улогата на уметниците е да ги критикуваат аномалиите во општеството и да креираат слободоумно, додека театрите треба да бидат културни храмови каде што без никакви ограничувања ќе се зборува вистината. НУ Турски Театар не е во сопственот на ниту еден поединец , туку е заедничка вредност на турската заедница но и на сите граѓани на Република Македонија.“, се вели во соопштението на ТХП.