ТХП: Човековите права и демократијата во Македонија се сериозно повредени

Од:

„Партијата за Движење на Турците (ТХП) во Македонија и понатаму продолжува со будно око да ја следи политичката криза во државата. Со досега презентираните докази од страна на опозицијата, повеќе од доволно е да констатираме дека во Македонија човековите права и демократијата сериозно се повредени.

Последните објавени аудио снимки во кои премиерно се појавува и Премиерот Никола Груевски уште еднаш ја згрози целокупната македонска јавност“, се вели во соопштението на ТХП.

„Посебно не загрижува содржината на телефонскиот разговор меѓу Премиерот и Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.  Дали Никола Груевски од АЕК бара 500.000 евра со кои ќе финансира патриотски документарни проекти кои се спакувани под работен наслов „За македонската борба за слобода“ каде најверојатно главна цел им е да вршат антипропаганда за турскиот народ?

Дали владеачката гарнитура под палката на Никола Груевски, кој со години негува жесток национализам сака да продолжи со долгогодишната омраза кон Tурците?

Сметаме дека културата треба да соединува, а не да разединува. Ваквиот однос кон турската заедница може да резултира со несакани ефекти врз односите на Република Македонија и P. Турција, кои имаат „повеќе“ од пријателски односи. Турците во Македонија се лојални кон својата татковина и секогаш ќе даваат максимални напори за успешно мултиетничко општество. Исто така сметаме дека небулозно и неприфатливо е Премиерот овој свој квази-патриотски проект да го оправдува под ставката „општествена одговорност“, имајќи ја во предвид катастрофалната економска состојба на Република Македонија.

Која е потребата на премиерот лично да се залага и да се вмеша на доделување на филмски проект кога во Република Македонија има ресорно министерство, стручни кадри и еминентни уметници кои најточно можат да проценат кои проекти заслужуваат да бидат финансирани а кои не. Знаејќи ги начините на функционирање на оваа власт се сомневаме  дека за жал освен медиумите и културата е контролирана од премиерот и неколку поединци“, велат во соопштението од ТХП.

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска