ТХП: Цензурата на турската програма на МРТВ продолжува

Од:

Денешната оддржана прес конференција на пратеникот на нашата партија, Енес Ибрахим во Собранието на Р.Македонија беше цензурирана од програмата на турски јазик во МРТВ. Темата и содржината на прес конференцијата беше изборот на член на влада, која директно и непосредно е во интерес на Турците во земјата. Веќе со години на назад јавниот сервис на турски јазик е под силен непотизам и работи во интерес на тесен владеачки круг наместо народниот интерес. Денешниот однос на програмата на турски јазик на МРТВ покажува дека не се почитува политичкиот договор. Ги повикуваме сите надлежни да не дозволуваат програмата на турски јазик на јавниот сервис да работи против народот. Граѓаните во овај критичен предизборен процес имаат право и треба да добиваат вистински и непристрасни информации, а тоа е најголема должност токму на јавниот сервис кој се финансира од парите на истите граѓани.

Ние како Партија за Движење на Турците (ТХП) цврсто ќе се бориме за демократските вредности и примената и почитувањето на основните човекови права. Во иста прилика ги предупредуваме сите лица и институции дека трпението на народот е при крај. Гласот на победата и промената веќе чисто се слуша, велат од Партија за Движење на Турците.

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска