ТХП: Целосно да се почитува Законот за празници

Од:

„Согласно со Законот за празниците, 21. декември е Денот на настава на турски јазик и истиот треба да биде неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија.

Но за жал веќе со години во пракса се среќаваме со различна слика. Поради тоа што дел од учениците Турци не се во можност  да следат настава на свој мајчин јазик, тие се приморани да учат на македонски или албански јазик. Во овие училишта на 21. декември наставата си тече и учениците турци не се во можност да си го слават својот празник.

Апелираме дека посебно во јавната администрација, раководителите вршат притисоци врз вработените турци да се појават на работа. Истата состојба се повторува и во јавните претпријатија.

Доколку веќе 21. декември е усвоен како празник на Турците во Македонија, тогаш тоа треба да важи за сите граѓани кои се припадници на турската заедница и мора максимално да се почитува Законот за празници. Доста е веќе што властта ги користи Турците како свои марионети и ги омаловажува при секој чекор.

Исто така јавно ја прашуваме властта; колку пари од буџетот на 2015 се потрошени за Денот на ВМРО, а колку се предвидени за 21. Декември“, се вели во соопштението на ТХП.

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска