Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) преку писмено соопштение ја информира јавноста дека со одлука на партиските органи, Аднан Ќахил е исклучен од партијата.
ТХО бара од Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и негово разрешување од функцијата министер без ресор.
„Ваквата одлука е природен епилог кој произлегува од неприципиелното делување на Ќахил, кој не само што ги отфрла програмските одредби и статутот на ТХП, туку и со својот неетички и недемократски пристап го нарушува угледот на партијата и етничката заедница која ја претставува. Статутот и вредностите на ТХП наложуваат исклучување на секој член кој ќе работи спротивно од интересите на партијата. Истовремено санкционирани се и другите членови кои беа инволвирани на слични противстатутарни акти.
Со оваа одлука раководството на ТХП уште еднаш на дело покажува дека и во понатамошното делување ќе има нулта толеранција на деструктивни личности и несовесно работење“, се вели во соопштението на Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП).