Тезгите на Бит пазар затворени, пазарџиите на штрајк

Од:

Продавачите од Бит пазар денеска ги напуштија своите тезги и излегоа на двочасовен штрајк кај клучката пред пазарот со цел да го блокираат сообраќајот на улицата и да им укажат на властите од општината дека не се задоволни од условите на пазарот.

Имаат три барања, сакаат да го добијат одобрението од општината за реконструкција на пазарот и негово целосно покривање, на што чекаат веќе 5 години.

Како второ, бараат да се реши проблемот со дивите пазарџии, кои им одземаат голем дел од прометот, и трето да се регулираат односите кои ги имаат со „Скопски пазар“.

Го одбрале местото кај клучката затоа што сметаат дека општина Чаир е надлежна да им помогне за првите две барања.

Фото: Плусинфо

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски