Теута Арифи се сретна со баронесата Д’Соуза

Од:

Баронесата Францес Д’Соуза, спикер на Горниот Дом на Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, во рамки на нејзината официјална посета во Република Македонија, денеска имаше средба со градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи.

Како што информира Службата за односи со јавноста на општина Тетово, за време на средбата се дискутирало за развојните карактеристики и потенцијали на Тетово како втор град по големина и важност во нашата земја, како и за евро-атлантската перспектива на Република Македонија, процеси што се поддржани од повеќето граѓани во земјава.

Градоначалничката Арифи ја информирала баронесата Д’Соуза за плановите на општина Тетово за подигање на ефикасноста и професионалноста на услугите што ги нуди општината, за олеснувањето на постапките за отворање на нови бизниси, како и за соработката во спроведувањето на заедничките проекти со централната власт и меѓународните организации и финансиски институции.

Баронесата Д’Соуза и градоначалничката Арифи разговарале и за можностите за примена на програмите за кредитирање на малите бизниси за жените, како и за зајакнување на улогата на граѓанското општество во трансформирањето и зајакнување на локалната демократија, стои во соопштението од општина Тетово.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Има неколку сериозни наследени проблеми во врска со Студентскиот дом во Тетово

Левица: Бизнис зделка на Касами го оштети буџетот на тетовчани за околу пет милиони евра

Кривични пријави и притвор за престрелката во Тетово, двајца се во бегство

Катерина Ѓуровски

Притвор за сите што со автоматски пушки пукаа во возилото во Тетово и го убија возачот

Предраг Петровиќ

Двајца малолетници и две жени се уапсени за убиството во Тетово

Горан Наумовски

Уапсени се три лица за вчерашната престрелка во Тетово