Теута Арифи и официјално градоначалник на општина Тетово

Од:

Теута Арифи денеска и официјално ја презеде функцијата за градоначалник на Тетово, откако претседателот на општинската изборна комисија, Илјаз Халими и го предаде сертификатот.

– Веднаш почнуваме со реализација на нашата визија за Тетово претставена во изборната програма и затоа не очекува напорна работа за која бараме и поддршка од граѓаните со цел да го реализираме планот за издигнување на културната, економскта и образовната сила на општина Тетово, изјави Арифи.

Општината, додаде таа, да биде отворена и транспарентна институција за унапредување на условите за живот, а Тетово урбан град со чиста животна средина и центар на богат културен и образовен живот препознатлив по економскиот развој и образовен и научен центар интегриран во регионалните и меѓународните случувања.

На примопредавањето на градоначалничката должност не присуствуваше досегашниот градоначалник, Сади Беџети.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар