Тетовското обвинителство води истрага за недозволена трговија со марихуана и напад врз полицаец

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 во врска со член 22, додека за едното од нив и за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ според член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што информираат денеска од Јавното обвинителство, на 14 март, на локалниот пат од селото Ѓермо кон Тетово, полициски службеници запреле автомобил во кој биле двајцата осомничени. Во момент кога полицајците се обиделе да извршат контрола на возилото, возачот го ставил автомобилот во погон и почнал да се движи наназад за да избега. Полициските службеници го попречиле и забележале како совозачот од прозорецот фрлил наркотична дрога – марихуана за која подоцна е утврдено дека е со нето маса од 30,96 грама.

-Еден од полициските службеници успеал да ја отвори возачката врата и му дал наредба на возачот да го изгаси автомобилот, но тој повторно тргнал напред и со задното тркало поминал преку нозете на полицаецот кој се здобил со телесни повреди. Автомобилот во кој биле осомничените удрил во полициското возило и запрел, а двајцата осомничени биле лишени од слобода, се наведува во соопштението од ЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Предлогот е прифатен и судијата со решение им определи притвор во траење од по 30 дена.​​

Би можело да ве интересира

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

Тројца обвинети за закани и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци, за еден предложен притвор

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

Кочанското Јавно обвинителство ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се поврзуваат со постапката за корупција со клубот „Пулс“

Обвинителството започна истрага против 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”

Горан Наумовски

Обвинителство: Маж од Неготино бараше припадниците на ромската националност да им се забрани да гласаат на избори

Горан Наумовски