Тетовското обвинителство поведе истрага за тешки дела против општата сигурност

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на селото Теново за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против општата сигурност според член 292 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик, информира Обвинителството.

„Осомничениот претходно во неколку наврати телефонски се заканувал на семејство во селото, а на 25 февруари со пожар предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето. Тој со бекатонска плочка го скршил прозорецот од приземјето на куќата на оштетените, влегол внатре и запалил еден тросед, по што ја напуштил куќата. Во моментот во домот бил ќерката на сопственикот и уште една другарка. Тие го забележале чадот и се качиле на поткровјето на куќата. Тогаш дошле други соседи кои со скали успеале да ги симнат двете девојки. Од пожарот на куќата била причинета значителна материјална штета.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека тој може да се крие или да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори кривичното дело“, се наведува во соопштението на Обвинителството.​

Би можело да ве интересира

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрагата за 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава

Бајрами: Обвинителството регистрираше случаи на поткуп на гласачи и фотографирање на гласачки ливчиња

Горан Наумовски