Тетовската полиција во лов на ноќни дами по кафеаните

Од:

МВР во текот на ноќта извршила контрола во угостителски објекти во Тетово и Гостивар при што откриле македонски и странски државјанки кои ги забавуваат гостите.

Полиција извршила контрола во угостителски објект на улица Коле Неделкоски во Тетово, сопственост на Б.М. од Тетово, при што биле затекнати четири странски државјанки и една Македонка како ги забавуваат гостите.

Сите лица биле приведени во полициска станица, а М.Д. (27), Л.А. (30), Ф.Т. (24) и С.Н. (30), сите од Република Албанија, поради злоупотреба на туристичкиот престој, биле задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

Иста акција била извршена и во угостителски објект во село Равен, гостиварско, сопственост на Ј.А. од Гостивар, каде што биле затекнати две странски државјанки и пет државјанки на Република Македонија како ги забавуваат госите.

Сите лица биле приведени во полициска станица, а В.Д. (21) од Република Албанија и М.Р. (27) од Република Србија, поради злоупотреба на туристичкиот престој, биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски