Тетово го одбележува Денот на независноста, 8-ми Септември

Од:

Со полагање цвеќе пред споменикот на револуцијата во центарот на Тетово од повеќе претставници на разни институции, политички партии и здруженија на граѓани денеска беше одбележан 8-ми Септември, Денот на независноста на Македонија. Организатор на одбележувањето беше општинската организација на Сојузот на борците од Тетово.

– На почетокот од 90-те години од минатиот век дојде до израз силниот национализам и нетрпеливост кај раководствата од некои републики на Југославија што подоцна доведе до крвави војни. Согледувајќи ја таквата состојба и неможноста да опстане заедничката држава Република Македонија реши да прогласи независност. На денешнеn ден во 1991 година во Македонија се спроведе референдум со прашањето “Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија”, рече во својот говор претседателот на Сојузот на борци  од Тетово Стојан Петрушевски.

Од оние кои гласале на референдумот, додаде, позитивно се изјасниле 1.079. 308 граѓани или 95,09 отсто.

– Резултатите сами по себе говорат за определбата на огромното мнозинство граѓани за самостојна македонска држава. Со осамостојувањето Македонија отвори процес на градење на добрососедски односи со другите држави што произлегоа од СФРЈ но и со соседните а односи на меѓусебно разбирање и соработка со други држави во Европа и светот. Со тоа се отворија перспективи за демократски односи и севкупен развој на Република Македонија, истакна Петрушевски.

Меѓу делегациите што го чествуваа денешниот празник беа и претставниците на општина Тетово, гарнизонот на АРМ, здруженија на борци, резервните офицери, воените инвалиди, Одборот на бранители на Македонија, бранителските здруженија Херои на Македонија и Бедем, здружението на Срби и Македонци -Бранко Чајка, друштвата за македонско-руско и македонско-хрватско пријателство, како и дел од општинските раководства на партиите ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ВМРО НП од Тетово.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Поплавени подвозниците во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Катерина Ѓуровски