Тетово го одбележа Денот на пожарникарите

Од:

Територијалната противпожарна единица од Тетово со претставување на дел од опремата и професионалните вештини на градскиот плоштад во Тетово го одбележа Денот на пожарникарите.

– Сакаме граѓаните да видат дека сме подготвени да им излеземе во пресрет кога им е најтешко. Денеска сакаме да ги покажеме скалите за интервенција на висококатници што ни се донација од операцијата Флоријан од Манчестер, како и гасење на пожар со пена. Во моментот ни недостасува возило со скали за интервенции на висококатници над четвртиот кат, изјави командирот на ТППЕ Ука Алити.

Пожарникарите денеска ги промовираа и новите униформи што ги добија во соработка со општина Тетово.

Во рамки на одбележувањето на Денот на пожарникарите беа доделени благодарници и признанија на фирми и граѓани кои со својата хуманост придонеле во работата на Противпожарната единица.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово