Тетовец загина на скопска обиколница

Од:

63-годишен тетовец го загуби животот на скопската обиколница кај клучката Орман откако со автомобилот излетал од патот.

– На 31.01.2025 околу 07.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автопатот- обиколница на град Скопје, во близина на клучка Орман, патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.В.(63) од Тетово, излетало надвор од коловозот. На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар