Тетовец тешко повреден, излетал од патот Јажинце – Тетово

Од:

Н.Ј.(51) од Тетово е тешко повреден откако возилото со кое управувал, се превртело, соопшти СВР. Несреќта се случила денеска во 13 часот и 10 минути на регионалниот пат Јажинце – Тетово во месноста Беловишка кривина.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, Н.Ј. од засега неутврдени причини загубил контрола врз возилото Фолксваген Поло, по што тоа излетало од коловозот, неколу пати се превртело и застанало странично.

Од автомобилот паднале термо-печка и други предмети што возачот ги превезувал, а го нагмечиле по главата и телото поради што морала да интервенира и екипа на противпожарната единица од Тетово која со сечење на возилото го извадила надвор.

Поради сериозноста на повредите, Н.Ј. е префрлен на скопските клиники.

Увид на местото на несреќата изврши екипа од СВР Тетово. Се работи на целосно расчистување на случајот. Материјалната штета се проценува на околу 80.000 денари.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски