Tетовец повреден при судир на трактор со воз

Од:

М.А. (53) од тетовско Теарце се здобил со исчашување на рамото откако патнички воз удрил во неговата приколка за тракторот што го управувал. Сообраќајната незгода се случила денеска, околу 13:30 часот, на железнички премин Теарце-Прељубиште, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според портпаролот, врз тракторскта приколка удрил патничкиот воз број 663 што сообраќал на релација Кичево – Тетово – Скопје и ја превртел, по што се превртел и тракторот. Со видлви оштетувања бил и предниот дел од возот.

– М.А. се здобил со телесни повреди, исчашување на рамото и веднаш бил префрлен во Тетовската клиничка болница, каде е задржан за натамошно лекување. По овластување на јавниот обвинител увидот на местото од несреќата го врши екипа на СВР Тетово и до неговото завршување сообраќајот на овој дел од железничката пруга ќе биде во прекин, рече Јосифовски.

Според првичните информации причини за судирот е невнимателното преминување на железничкиот премин од страна на возачот на тракторот со приколката.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он