Тетовец повреден откако со возило излетал од коловозот

Од:

Тетовецот С.М.(23) се здобил со телесни повреди откако синоќа загубил контрола над патничкото возило „Опел вектра“ со кое управувал, со тетовски регистерски таблици по што излетал од коловозот и оштетил излози на околни дуќани. Инцидентот се случил на булеварот „Илинденска“ во Тетово околу 21 часот и 30 минути, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

– Од излетувањето, возачот кој бил сам во возилото, се здобил со телесни повреди, пренесен е во тетовската клиничка болница и по укажаната помош пуштен е на домашно лекување. Извршен е увид а причина за излетувањето е неприлагодена брзина додека вкупната материјална штета се проценува на 90 илјади денари, рече Јосифовски.

Според неговите податоци минатиот и овој месец во тетовскиот регион биле забележани над дваесеттина излетувањата од коловоз пред се како резултат на пребрзо возење и неприлагодување кон условите на патот. Ваквите излетувања на возилата најбројни биле во врнежливи денови и на лизгави коловози, но и во други временски услови, а по загубената контрола возачите удирале во заштитна ограда, во други возила или во електрични столбови зависно од местото на случувањето.

Портпаролот Јосифовски уште еднаш го повтори апелот да не се вози пребрзо, особено во населени места и кога е врнежливо, а возачите да бидат максимално сконцентрирани и да ги почитуваат предвидените ограничувања на брзината како и другите правила и прописи.

Тој посочи оти најригорозно ќе се санкционираат уличните самоволија на поединци со чкрипење на гумите при стартување на возилата, организирање мото-трки и слично со напомена дека глобата за овој вид прекршоци изнесува 45 евра во денарска противвредност (член 36 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата), додека за причинување бучава со возила глобата е 20 евра.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на скопската обиколница