Тетовец осомничен за вчерашното опожарување на возилото „Пасат“ со струшки таблици

Од:

В.С. (29) од Тетово е осомничен за вчерашното опожарување на патничкото возило „Пасат“ со струшки регистарски таблици, сопственост на 34-годишна тетовка К.С..

Како што соопшти СВР, немилиот настан се случил околу 3:30 часот на паркингот пред станбената зграда во која живеела К.С., на улицата „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, осомничениот под возилото поставил запалено мало плинско шише – боца по што се оддалечил од местото. Огнот од запаленато плинско шише ги зафатил задната десна страна од возилото и дел од седиштата, а зачадена е и целата внатрешност. Пожарот набрзо бил локализиран со интервенција на тетовските пожарникари.

– В.С. е осомничен за предизвикување пожар и предизвикување општа опасност. Уште вчера околу 13 часот во координација со јавен обвинител е лишен од слобода, задржан во Полициската станица Тетово, а подоцна пуштен. Наскоро ќе се соочи со соодветен поднесок, информира Јосифовски.

Минатата година во Тетовско се регистрирани девет опожарени возила. Едно е целосно расчистено и заокружено со поднесена кривична пријава, за седум се изготвени известувања против непознати сторители, а на едно се уште се работи.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР