Тетовец осомничен за обид за убиство

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

„Осомничениот, на 7 јануари, се сретнал со оштетениот во раните утрински часови, по што се упатиле во казино во селото Желино. Во казиното му побарал 50 евра на оштетениот, кои веднаш ги потрошил. Потоа отишле во казино во селото Жеровјане, каде исто така побарал и потршил 50 евра од оштетениот. Кога се вратил нервозен во возилото, осомничениот побарал уште пари од оштетениот, но тој одбил да му даде“, велат од Обвинителството.

„Во тој момент, осомничениот извадил нож од џебот и му се заканил. Оштетениот повторно одбил да му даде пари и му рекол да се симне од неговото возило, по што осомничениот му задал неколку убоди со нож во стомакот и градниот кош. Оштетениот веднаш излегол од автомобилот и почнал да бега, а осомничениот трчал по него со ножот во раката. Го стигнал и му задал уште неколку удари во грбот и главата, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот.

Оштетениот паднал на земја и му ги дал сите пари кои ги имал со себе – околу 300 евра, по што осомничениот се дал во бегство“, соопштува Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка куќен притвор и мерка – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница за осомниченото лице.​​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај