Тетовци направиле сообраќајка, па се истепале

Од:

Тетовската полиција привела двајцА жители на Порој и еден на Боговиње откако по сообраќајна незгода, физички се пресметале.

На 02.11.2024 година во 13.00 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај-Тетово, ги привеле А.А.(35) од село Боговиње, и М.Б.(42) и Х.Б.(32) двајцата од село Порој, кои по случена сообраќајна незгода го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка, додека полициските службеници вршеле обезбедување на лице место од незгодата, случена на кружен ток од улицата „Видоје Смилевски Бато“ и улицата „Илинденска“. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар