Тешко повредено дете кое возело велосипед

Од:

Единаесет годишно дете кое управало велосипед, е тешко повредено откако во него удрило возило, соопшти МВР.

Несреќата се случила синоќа во 21 часот на улицата „Петре Георгиев“. Во него удрило возилото „рено канго“ со скопски регистерски таблички управувано О.Р. (31) од Скопје.

По незгодата детето со итна медицинска помош е пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, но поради сериозноста на повредите е препратено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Екипа од Секторот за внатрешни работи – Скопје изврши увид. Се работи на целосно расчистување на случајот

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски