Тешко повредени пешак и мотоциклист од Куманово

Од:

И.В. (19) и Љ.Д. (33) од Куманово се тешко повредени во сообраќајка што се случила вчера попладне на булеварот „Октомвриска Револуција“.

Според полицијата, до незгодата дошло откако се удриле мотоцикл „Фелинг“ без регистарски ознаки, управуван од И.В., патничко возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски таблици, управувано од М.П. (28) и пешакот Љ.Д., сите од Куманово.

По укажаната лекарска помош во кумановската болница, Љ.Д. и И.В. како итни случаи се префрлени во скопскиот ургентен центар.

Увид на местото изврши екипа од СВР Куманово. Се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Во сообраќајка кај Шабац загина братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ

А1он

„На волан“ загина 60 годишник кај Белград – му се слоши, па удри во насип

А1он

Мајка (45) и ќерка (25) загинаа кај Шабац – несреќата предизвикана поради престигнување

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он