Тешко повредена жена во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Кичево

Од:

Вчера попладне во 18.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу село Арбиново и село Сливово, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(20) од село Франгово, струшко, излетало од коловозот, извести МВР.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, 54-годишната Ф.Д. од село Франгово, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, додаде МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски