Тешко повредена девојка од Тетово во судир на мопед и автомобил

Од:

Дваесет и четиригодишна девојка од Тетово е тешко повредена во сообраќајна незгода што попладнево се случила околу 17:30 часот.

-Се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „мерцедес” со тетовски регистарски ознаки управувано од Љ.Х (21) од тетовска Стримница и мопед, исто така, со тетовски ознаки што го управувала 24-годишната тетовка Е.З. Во несреќата, таа се здобила со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Сообраќајната незгода се случила на крстосницата меѓу улиците „Борис Кидрич” и „Благоја Тоска”.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Констатирани тешки повреди кај малолетничката која вечерва беше удрена од возило во Скопје

Горан Наумовски

ФОТО: Сообраќајка кај Соборна, сообраќајот во грч

А1он

Сообраќајка во Дебар: Тешко е повреден моторциклист

Воз удри во автомобил, две момчиња тешко повредени

Емир Латифовиќ

ФОТО: Се судрија велосипед, автомобил и мотор во Скопје – 2 повредени

Емир Латифовиќ