Тешко повреден возач во железничка несреќа кај Гостивар

Од:

Возач на патничко возило е тешко повреден во железничка несреќа што се случила на патниот премин меѓу железничкото стојалиште Тумчевиште и железничката станица Гостивар.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека несреќата се случила вчера во 18:24 часот меѓу патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Кичево и возило „сеат леон“ со тетовски регистарски ознаки.

Повредениот возач со Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица во Гостивар, а во периодот од 18:24 до 21:18 часот бил во прекин железничкиот сообраќај на тој дел од пругата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он