Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Скопје, санкционирани 21 пијан возач

Од:

Со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист во една од вкупо 13 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во шест биле полесно повредени шест лица, а во шест сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеснаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за неправилно престројување и еден возач за неправилно престигнување.

Санкционирани биле и 10 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и седум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Од сообраќај, биле исклучени вкупно 21 возач, од кои двајца кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 16 возачи пред да се стекнат со право на управување и тројца возачи почетници, како и 13 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 81 возило непрописно паркирано.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 61 возило.

Би можело да ве интересира

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје